Достапни линкови

Шекеринска: Постојат шанси Грција да го блокира влезот во НАТО


Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска од 26 април до 2 мај ќе престојува во официјална посета на Соединетите Американски Држави. Посетата се реализира на покана на секретарот за одбрана на САД Џејмс Матис со кого таа ќе се сретне на први мај. Ова е прва посета на вакво високо ниво по 2012 година, а од министерството за одбрана велат дека особено е важно што таа се случува пред престојниот состанок на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО и самитот на Алијансата во јуни.

Покрај со Матис, Шекеринска во Вашингтон ќе се сретне и со заменик помошникот државен секретар за одбрана на САД, Лора Купер, со Тина Кајданов, заменик помошник на државениот секретар и други функционери од Белата куќа, сенатори и конгресмени.

На денешниот брифинг со новинарите во пресрет на посетата на САД, министерката Шекеринска рече дека очекува безрезервна поддршка од Вашингтон за приемот на Македонија во НАТО.

Периодот до самитот на алијансата во јуни ќе биде непредвидлив во однос на спорот за разликите за името, оцени таа, нагласувајќи дека само еден дел од работите зависат од Македонија. Коментирајќи ги изјавите на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас кој речедека е очигледно оти земјава во јуни нема да влезе во НАТО, Шекеринска нагласи дека таквите изјави не се изненадувачки оти и претходно претставници на официјална Атина велеле дека членството во ЕУ не е проблем, туку проблем е членството во НАТО.

Таквите ставови се слушаат и од Москва и затоа ние сме фокусирани да најдеме решение за името до самитот на НАТО во јуни, рече Шекеринска.

Таа додаде дека Македонија инсистира на членство во НАТО, а не на некакви други форми на сојузништво, како на пример асоцијативно членство како што има Шведска.

XS
SM
MD
LG