Достапни линкови

Димитров и Коѕијас на средба до крајот на април, датумот не е утврден


Министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров во Скопје на 23 март

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција потврди дека до крајот на месецот ќе има нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. Но, тој истакна дека датумот за средбата се уште не е утврден.

„Се уште сме големи оптимисти, како што најавија и премиерот и министерот за надворешни работи на Република Македонија, бараме и очекуваме да најдеме решение што ќе биде достоинствено за сите граѓани“, изјави Бошњаковски.

Грчки медиуми претходно јавија дека средбата меѓу министрите Димитров и Коѕијас со медијаторот на ОН, Метју Нимиц ќе се случи на 25 април во
Виена.

XS
SM
MD
LG