Достапни линкови

Иванов повика на партнерство за безбедност на регионот


Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов денеска изјави дека вистинскиот збор што му е најпотребен на регионот во полето на безбедноста е партнерство што се постигнува со градење доверба заради веродостојни податоци, заеднички операции и заштита на информацијата. Тој на отворањето на состанокот на директорите на Агенциите за разузнавање од земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони во Скопје истакна и дека иднината на регионот е во Европската Унија, но од некои земји членки има мешани пораки за замор од проширувањето.

Според Иванов, како што наведоа од неговиот кабинет, тој замор е резултат на перцепцијата за Балканот како периферија на Европа, како регион што е инхерентно нестабилен. Иванов смета дека за да се промени таквата перцепција, земјите од регионот мора наместо реактивни, да бидат проактивни, а заканите со кои се соочуваат бараат креативност, партнерство и неконвенционално размислување.

Тој порача дека не треба да се заборави оти најважната лекција од мигрантската кризае дека најголемата сила е соработката меѓу земјите. Колку е цврст Балканот, според него, толку е цврста Европската Унија.

XS
SM
MD
LG