Претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис изјави дека е во интерес на неговата земја изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот за името, заведено во Уставот и за севкупна употреба. Според него, со тоа ќе се гарантира и ќе се охрабрува една нова ера во односите на народите, не само во економијата, туку и во сите прашања што ги засегаат.
Тој при поздравното обраќање на промоцијата на книгата „10+1 прашања и одговори за македонското прашање“, порача дека било загубено драгоцено времево минатото за решавање на спорот. Доколку решението е во рамките на грчките позиции, Вуцис наведе, дека тоа ќе биде поддржано од мнозинството политички сили во Парламентот.