Достапни линкови

Русија нема да понуди да биде домаќин на средбата меѓу Трамп и Ким


шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Русија нема да предложи да биде домаќин на очекуваната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Ова денеска го изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Претседателот Трамп претходно рече дека се подготвувала негова средба со Ким Џонг Ун со цел да бидат намалени тензиите на Корејскиот полустров. Ваквата средба, според Лавров, би била чекор подалеку од воено решение на ситуацијата.

XS
SM
MD
LG