„Тоа би било огромна работа за Северна Кореја“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп како охрабрување за постигнување мировен договор меѓу двете Кореи.
Оваа идејата всушност не е нова.
Во моментов Северна и Јужна Кореја разговараат за договор со кој официјално може да и се стави крај на воената состојба.
Таа сé уште трае, бидејќи Корејската војна впрочем никогаш не завршила.
Наместо тоа, беше ставена во мирување со привременото примирје што ги остави разделени двете земји.
Тоа, најверојатно, ќе биде главната тема за дискусија кога Ким Џонг Ун ќе се состане со неговиот јужнокорејски колега Мун Џае ин во наредната недела во селото Панмунџом на нивната заедничка граница каде што беше потпишано примирјето.
Но, Северна и Јужна Кореја водеа вакви разговори и порано, многу пати, и секогаш без конкретен резултат.
За време на 70 години од минатиот век основачот на Северна Кореја Ким Ил Сунг ги подгреваше надежите за мировен договор со тогашниот американски претседател Џими Картер.
Но, што е тоа што може да го замени примирјето останува големо прашање.
Никој не наведува како може да изгледа новиот договор, и дали тој ќе мора да биде потпишан од сите страни вклучени во примирјето.
Тоа би значело САД под Обединетите нации и Кина, но не и Јужна Кореја, која никогаш не го потпишала.
Од друга страна, Јужна Кореја и САД велат дека е возможен мировен договор, само ако Северна Кореја се согласи да се откаже од нејзиното нуклеарно оружје.
Во четвртокот јужнокорејскиот претседател Мун Џае ин изјави дека Северна Кореја изразила заложба за „целосна денуклеаризација“ на Корејскиот полуостров и оти не поставува услови за тоа.
„Сега, Северна Кореја изразува волја за барање целосна денуклеаризација. Исто така, тие ни покажуваат волја за дијалог“.
Според него, Пјонгјанг не приложил никакви услови како што е повлекувањето на американските трупи од Јужна Кореја.