Достапни линкови

САД со апел до новиот претседател на Куба за крај на репресијата


новиот претседател на Куба Мигел Дијас Канел и Раул Кастро, Хавана, 19.04.2018.

Американските власти го повикаа новиот претседател на Куба Мигел Дијас Канел да ја оконча „репресијата“ на островот, осудувајќи ја „недемократската транзиција на власт“ во таа земја. „Разочарани сме што кубанската влада избра да ги замолчи независните гласови, да го задржи репресивниот монопол на моќта и да не му дозволи на сопствениот народ слободни, фер и мирни избори“, изјави портпаролката на Стејт депратментот Хедер Ноерт. Канел е избран за наследник на кубанскиот претседател Раул Кастро со што заврши скоро шест децениското владеење на браќата Фидел и Раул Кастро на Куба.

XS
SM
MD
LG