Достапни линкови

Московиси: на Грција нема да и биде продолжена помошта


Атина

Европскиот комесар за економски прашања Пјер Московиси ја исклучи можноста од евентуално продолжување на финансиската помош на Грција, Тој оцени дека нема сомневање и неизвесност за крај на програмата за помош ова лето. „Датумот 20 август останува во сила“, изјави Московиси по пролетното заседвање на ММФ во Вашингтон. Неодамна германскиот весник „Зидојче цајтунг“ пренесе дека кредиторите планирале продолжување на програмата за финансиска помош на Грција. Оваа земја од 2010 година мина низ неколку програми на ММФ.

XS
SM
MD
LG