Достапни линкови

Ердоган со поддршка за интеграција на Македонија во НАТО


TПретседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на средбата со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери во Анкара ја изрази турската поддршка за интеграцијата на Македонија во НАТО. На средбата, како што јави МИА, Ердоган потенцира дека Турција беше една од првите држави што ја призна Македонија под нејзиното уставно име и оти таа прва отвори амбасада и назначи амбасадор во земјата. Турскиот претседател се осврна врз потребата за интензивирање на економската соработка, реафирмирајќи ја заложбата годишната трговска размена меѓу Турција и Македонија да се искачи на милијарда долари.

XS
SM
MD
LG