Достапни линкови

Џае-Ин: Северна Кореја е подготвена за целосна и безусловна денуклеаризација


Претседателите на Северна и на Јужна Кореја, Ким Јонг Ун и Мун Џае-Ин

Северна Кореја е подготвена да потпише акт за потполна денуклеаризација на Корејскиот полуостров, без да бара никакви услови, изјави претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-Ин, објави новинската агенција Ројтерс и додава дека Вашингтон останува сѐ уште претпазлив и вети дека ќе го одржи „максималниот притисок“ врз Пјонгјанг.

Спогодбата за денуклеаризација е акт што води кон воспоставување мир и нормализација на односите на двете Кореја, и јужнокорејскиот претседател смета дека нема да биде тешко тоа да се постигне прво на самитот меѓу Северна и Јужна Кореја следниот месец и подоцнежниот самит на релација Вашингтон Пјонгјанг.

XS
SM
MD
LG