Достапни линкови

ЕП: Потиснување на ненаучните информации, но и поголема транспарентност во производството на вакцините


Вакцина, илустрација

Европскиот парламент усвои резолуција со која предупредува дека опаѓањето на довербата во вакцините е голем предизвик кој веќе влијае на здравјето, а податоците од земјите членки на ЕУ покажале значителни недостатоци во степенот на прифаќање на вакцините, односно стапка на недоволна вакцинација.

„Зголемениот отпор кон вакцинацијата доведе до зачестена појава на сипаници, а поради тоа зголемени се и смртните случаи во неколку европски земји. Денес вакцините ригорозно се тестираат. Потребен е дијалог со граѓанското општество за да се потиснат нерелевантните, погрешни и научно неприфатени информации за вакцинацијата“, се вели во резолуцијата.

Европскиот парламент ја повика Комисијата да продолжи да ја зајакнува својата поддршка за националните системи за вакцинација за да се зголеми свеста кај јавноста, но побара и поголема транспарентност во производството на вакцини и во финансирањето на независните истражувања за можните несакани ефекти од вакцината, со цел да се придонесе за враќање на довербата во програмите за вакцинација.

Според објавените податоци, благодарение на вакцинацијата, на годишно ниво се спречуваат околу 2,5 милиони смртни случаи во светот, а се намалуваат и трошоците за лекување на одредени болести, вклучувајќи ги и третманите со антибиотици.

XS
SM
MD
LG