Достапни линкови

Алаѓозовски: Не брзаме со акциите, „Скопје 2014“ е како вирус


Министерот за култура Роберт Алаѓозовски

„Скопје 2014“ претставува вирус, кон кој се однесуваме крајно внимателно и не брзаме со акциите, одговори министерот за култура Роберт Алаѓозовски на новинарско прашање што се превзема со проектот „Скопје 2014“.

„Елаборатите се изработени, предадени. Остранувањето на малите статуетки и илјадниците копии на кичот Скопје 2014 кои се наоѓаат по нашите музејски институции и во сувернирниците исто така чекаат за акција. Секако дека таа акција треба да биде добро обмислена. Евалуацијата на Музејот на ВМРО ќе биде изработена до крајот на идната недела и тој елаборат ќе биде доставен до нас и ќе обзнаниме во јавноста. Во однос на останатите проекти се уште не преземаме никакви други активности“, рече Алаѓозовски.

XS
SM
MD
LG