Достапни линкови

Бејли: Честитки за препораката, продолжуваме заедно да работиме на реформите


Џес Бејли, американски амбасадор во Македонија

Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли ѝ го честиташе на Македонија добивањето чиста препорака за почеток на преговорите со ЕУ.

Тој рече дека честитка упатил преку Твитер и потсетил дека САД ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Работиме со делегацијата на ЕУ во Македонија на реформиските процеси и ќе продолжиме да го правиме тоа, на реформите за влаеењето на правото, за медиумите и за јавната администрација. Заеднички работиме на евроатлантските интеграции на Македонија“, изјави Бејли.

XS
SM
MD
LG