Достапни линкови

Џафери - Кахраман: Безрезервна поддршка за Македонија за влез во НАТО


Талат Џафери и Исмаил Кахраман за време на официјалната посета на Џафери на Турција

Македонија и Турција се соочија со слични инциденти, односно со она што се случи во 2016 година по обидот за неуспешниот преврат во Турција и по насилното влегување во Собранието на РМ. И токму тие случувања покажуваат дека двата парламента, двете држави делат исти искуства и исти проблеми во развојот на демократијата и на институциите, и во тој контекст е оваа заемна поддршка да се надминат последиците од тие настани, истакна денеска претседателот на Собранието Талат Џафери по средбата во Анкара со спикерот на турскиот Парламент Исмаил Кахраман.

Претседателот на македонскиот парламент рече дека двете земји немаат отворени прашања, Турција ја поддржува Македонија од осамостојувањето и имаат најдобри можни односи. Турција безрезервно ги поддржува и аспирациите на Македонија за членство во НАТО, јави известувачот на МИА.

XS
SM
MD
LG