Достапни линкови

Спасовски: Пораст на злоупотребата на службената положба и овластување за 111 насто


Macedonia - Interior Minister Oliver Spasovski.

Криминалитетот во Македонија генерално има стапка на опаѓање, но за 111 насто имаме зголемување на кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на Прилеп.

„Треба да се замислат сите функционери во државава. Тоа не смееме да го дозволиме бидејќи станува збор за средства на граѓаните. И самите знаете дека Прилеп е еден од градовите во кој оперираат групи, и не само во него, туку и во Македонија и на пошироките балкански простори и за тоа имаме посебен пристап. Но, генерално, има опаѓање на сите видови криминалитет. Сакаме да бидеме транспарентни. Мораме да ги јакнеме капацитетите на МВР, технички и човечки, се со единствена цел, граѓаните да бидат безбедни“, изјави Спасовски.

XS
SM
MD
LG