Достапни линкови

Дигитален самит во Скопје: Феноменот лажни вести не престанува


Проблемот со лажните вести не е нов, а технолошкиот напредок го зголемува предизвикот. Македонија не е исклучена од тој феномен. Ова беше посочено денеска на Дигиталниот самит во Скопје во рамки на панелот „Медиумите во дигитална ера: Справување со лажни вести“.

Проблемот со лажните вести е што се губи довербата и тоа е најголем предизвик за традиционалните медиуми, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Министерот за отчетност Робер Поповски, посочи дека Македонија не е исклучена од феноменот на лажни вести и додека дека верува оти „заробената држава е зад нас, но алатките се уште се тука“.

„За локакните избори се создаде измислица дека во општините низ Македонија ќе бидат населени бегалци. Тоа сега не престанува, неодамна се појави измислица дека спомениците ќе се тргаат со бугарски кранови“, рече Поповски.

XS
SM
MD
LG