Достапни линкови

Мицкоски на средба со Могерини изразил загриженост за корупција и криминал


Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретнал со шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Според соопштението на партијата, Мицкоски истакнал дека Европската Унија и е потребна на Македонија како начин за подигнување на стандард на граѓаните, повисок квалитет на живеење и споделување на заедничките вредности.

Тој порачал дека ВМРО-ДПМНЕ на тој план дала свој придонес со забелешките кои биле инкорпорирани во реформските закони.

Мицкоски изразил загриженост за, како што се наведува, економската стагнација во државата, корупцијата која е широко распространета и случаите кои отвораат сериозен сомнеж за криминал во кој се вмешани највисоки претставници на власта.

XS
SM
MD
LG