Достапни линкови

Одложено судењето за „Насилството во Центар“ за 1 јуни


Никола Груевски пред суд на рочиштето за „Насилство во Центар“ на 27.12 во 2017 година

Судењето за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ е прекинато и презакажано за 1 јуни. Причината за одлагањето е неможноста на претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев веднаш да одлучи по барањето за изземање на судечкиот судија во предметот, Душан Јосифов.

Барањето го поднесе одбраната на обвинетите, поради изјавата на јавната обвинителка Катица Јанева дека одредени судии се опфатени во прислушуваните разговори.

Обвинетите во случајот се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

XS
SM
MD
LG