Достапни линкови

Пукање ја одложи посетата на испекторите на сирискиот град Дума


Возило на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОХЦХ),

Шефот на Организацијата за забрана на употребата на хемиското оружје Ахмет Узумку вели дека останува нејасно кога тимот од меѓународни експерти може да го посети сирискиот град Дума за да го испита смртоносниот напад со хемиско оружје. Узумку, го даде својот коментар денеска , откако експертите за безбедност на ОН беа пресретнати со пукање во градот. Западните држави ја обвинија сириската влада за хемискиот напад на 7 април во Дума, во близина на Дамаск, каде што Светската здравствена организација соопшти дека 43 лица загинаа. Западните сили, исто така, сугерираа дека владата на Дамаск и нејзиниот сојузник Русија можеби ја одложува посетата на ОЗХВ за да ги задскријат доказите. Дамаск и Москва инсистираат на тоа дека инцидентот од 7 април бил фабрикуван. Узумку на состанокот на организацијата денеска изјави дека тимот на ОЗХВ, кој пристигна во Дамаск во текот на викендот, нема да ја посети Дума, додека експертите за безбедност на ОН сметаат дека не безбедно и само ако инспекторите за хемиско оружје "можат да имаат непречен пристап до сајтовите . " "Во моментов, не знаеме кога тимот може да биде распореден во Дума", додаде тој.

XS
SM
MD
LG