Достапни линкови

Заев и Могерини домаќини на заедничка вечера со премиерите од регионот


Брисел на 24 мај 2017.

Премиерот Зоран Заев и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини денеска во Скопје ќе бидат домаќини на заедничката вечера на лидерите од регионот.

На вечерата ќе присуствуваат премиерите на Албанија, Еди Рама, на Косово, Рамуш Харадинај, на Србија, Ана Брнабиќ, на Црна Гора, Душко Марковиќ, и на Босна и Хрцеговина, Денис Звиздиќ.

Некои од премиерите веќе се во Скопје и присуствуваат на Дигиталниот самит, а останатите се очекува да пристигнат подоцна.

Заедничката средба се одржува еден ден по објавувањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ.

Високата претставничка на ЕУ Могерини на пресс конференцијата во Владата изјави дека тема на сребата ќе биде интеграцијата на регионот и претстојниот самит ЕУ -Западен Балкан што треба да се одржи во Софија

XS
SM
MD
LG