Достапни линкови

Рохани најави производство и купување на оружје


Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иран ќе произведува или ќе купува оружје кое е потребно за одбрана на регионот од "инвазивни сили", но нема да биде на штета на соседите , рече претседателот Хасан Рохани на воената парада во Техеран на Денот на националната армија. "Му кажуваме на светот дека ќе произведеме или ќе купиме оружје какво што ни треба, и нема да чекаме одобрување", рече Рохани . "Сакаме пријателски и братски односи со нашите соседи и им кажуваме дека нашето оружје, нашата опрема, нашите проектили, нашите авиони, нашите тенкови не се против нив , тоа е за одвраќање", додаде тој. "Ние не живееме во нормален регион, ние гледаме дека инвазивните сили создадоа бази околу нас", рече Рохани. САД, британските и француските сили минатата недела започнаа воздушни напади врз иранскиот сојузник, Сирија, во знак на одмазда за нападот со хемиско оружје за што тие ја обвинуваат владата на претседателот Башар ал Асад. Коментирајќи ги нападите Рохани рече дека тоа е непочитувањето на принципите на меѓународното право, и додаде дека тие земји се мешаат во регионалните прашања и ги напаѓаат другите земји без одобрување од ОН.

XS
SM
MD
LG