Достапни линкови

Ердoгaн: Во јуни предвремени избори


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска соопшти дека на 24 јуни во Турција ќе се одржат предвремни претседателски и парламентарни избори.
Објавувајќи ја одлуката, Ердоган рече дека Турција итно треба да се префрли на извршно претседателство.

Следните парламентарни и претседателски избори требаше да се одржат во ноември 2019 година.

Турција се префрла од парламентарен систем на претседателски, во кој претседателот ќе има поголема моќ. Измените ќе стапат на сила по изборите.

XS
SM
MD
LG