Достапни линкови

Поранешен претседател на Романија обвинет за злосторства против човештвото


Јон Илиеску

Романското обвинителство официјално го обвини поранешниот претседател Јон Илиеску за злосторства против човештвото тврдејќи дека тој ја дели одговорноста за смртта на повеќе од 1100 лица за време на антикомунистичкиот револт во декември 1989 година.

Илиеску, кој има 88 години се појави во обвинителството, но не даде коментар за случајот. Илиеску ја презема власта во земјата на 22 декември 1989 година од комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску.

Според обвинителството, Илиеску и неговите соработници кои ја преземале контролата врз војската и медиумите за време на немирите не успеале да ги спречат убиствата.

XS
SM
MD
LG