Достапни линкови

Туск наредната недела во посета на земјите од Западен Балкан


Претседателот на Европски совет, Доналд Туск

Претседателот на Европски совет, Доналд Туск од 24 до 28 април ќе ги посети земјите од Западен Балкан. Неговата посета е во рамки на подготовките за Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи на 17 мај во Софија. Туск планира да ги посети Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

Туск во денешниот говор пред Европскиот парламент порача дека пораката е јасна дека ЕУ ќе продолжи да биде најдоверлив партнер во целиот регион. Самитот, според него, би требало да биде потврда за европската перспектива на регионот, но и да помогне во подобрување на врските меѓу земјите.

XS
SM
MD
LG