Достапни линкови

Трамп ја потврди средбата на Помпео и Џонг Ун


Американскиот претседател Доналд Трамп, директорот на ЦИА, Мак Помпео и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека директорот на ЦИА, Мак Помпео се сретнал со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун во минатата недела и посочи дека во тек се плановите за одржување на самит.

„Средбата на Помпео со Џонг Ун во Северна Кореја помина мазно и се формираа добри односи. Деталите за самитот се разработуваат. Денуклеаризацијата ќе биде одлична работа за светот, но и за Северна Кореја“, напиша Трамп на Твитер.

XS
SM
MD
LG