Достапни линкови

Димитров: Решение за името може да се постигне за два до три месеци


Министерот за надворешни работи Никола Димитров

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров во интервју за францускиот весник „Ла Кроа“ изјави дека во идеално сценарио, решение за спорот со името може да се постигне во наредните два до три месеци. Според него, итноста за решение е диктирана од европскиот воз.

Тој порачува дека две европски земји кои споделуваат еден географски регион, треба да можат да најдат достоинствен начин преку кој ќе се прави разлика без да се повреди идентитетот и достоинството на македонскиот народ.

Димитров посочува дека бугарското претседателство претставува одлична можност ЕУ да се сврти кон Балканот, но патот за целосна интеграција на Македонија ќе биде долг.

XS
SM
MD
LG