Достапни линкови

Еврокомесарот Хан во Скопје со извештајот на ЕК


Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан денеска во Скопје ќе има средби со владини и политички претставници на кои ќе им го предаде Извештајот за напредокот на Македонија. Досега тоа вообичаено го правеше амбасадорот на ЕУ во Македонија. Европската комисија во најновиот извештај препорачува безусловен почеток на преговорите за влез на Македонија во ЕУ. Попладне во Скопје ќе допатува и високата европска претставничка, Федерика Могерини, која освен средбите со политичкиот врв на земјата, утре ќе се обрати пред пратениците во македонскиот Парламент.

XS
SM
MD
LG