Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Декларативните заложби за ЕУ интеграција не се доволни


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше на денешната прес конференција на премиерот Зоран Заев по повод извештајот за напредокот на нашата земја од ЕК. Во соопштение до јавноста се вели дека враќањето на безусловната препорака за отпочнување на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ е позитивен сигнал кој треба да резултира и со безусловно доделување на датум за преговори. Тоа, како што се наведува во соопштението, би била вистинската награда за сите напори во реформите кои ги реализираше Република Македонија изминативе години, а кои беа исто така нотирани во позитивни извештаи со безусловна препорака седум години по ред, од 2007 до 2013 година.

„Македонија е заробена држава. Потврдена е корупцијата на високо ниво и партизацијата на институциите. Европската комисија јасно го нотира и политичко влијание во институциите. Власта е неефикасна и во борбата против организираниот криминал. Декларативните заложби за ЕУ интеграција на власта не се доволни. Државата и граѓаните имаат потреба од функционални институции и ефективна примена на правото. СДСМ тоа не го обезбедува,” се вели во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG