Достапни линкови

Гутереш побара непречена работа на инспекторите на ОПЦВ


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска ја повика сириската Влада да им овозможи на меѓународните инспектори за хемиско оружје работа без ограничувања. „Сириската Влада е должна да им ги овозможи сите услови за работа без никакви ограничувања,“ соопшти Гутереш. Тој не потврди дека инспекторите успеале да влезат во сирискиот град Дума, но на новинари од Саудиска Арабија им рекол дека ОН направиле се „за да им обезбедат на експертите на ОПЦВ да стигнат до Дума што побрзо“. Претходно, сириски медиуми јавија дека инспекторите од ОПЦВ влегле во Дума поради истражувања на нападот со хемиско оружје извршен на 7 април.

XS
SM
MD
LG