Достапни линкови

Ахмети: Храброста за решавање на отворените прашања се наградува


Реформското парламентарно мнозинство успеа да ги исполни итните очекувања на официјален Брисел, на меѓународните пријатели и на граѓаните, но не застануваме тука, се истакнува во соопштението од ДУИ во кое лидерот на партијата Али Ахмети го поздрави денешниот извештај за напредок на земјата.

“ДУИ вети дека ќе продолжи со реформите и за зајакнување на напорите за целосно владеење на правото, како и за борба против корупцијата и организираниот криминал. Храброста за решавање на отворените прашања се наградува, затоа храбро ќе продолжиме во периодот пред нас и кон решавање на спорот со името како наша последна пречка кон ЕУ и НАТО” се наведува во соопштението од ДУИ.

XS
SM
MD
LG