Достапни линкови

Заев: Најголемата заслуга за напредокот ја имаат граѓаните


„Никој не треба се сомнева, дека најголемата заслуга за напредокот и ова препознавање на вредноста на реформите ја имаат граѓаните на Република Македонија. Владата посветено и одлучно ги сработи реформите, но одлуката да се стави крај на една штетна погубна политика и да се отпочне нова и прогресивна страница ја имаа граѓаните,“ изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција по повод објавувањето на извештајот на ЕК за напредокот на нашата земја, во кој се препорачува отпочнување на преговори за членство во Унијата.

Премиерот Заев повтори дека Владата останува фокусирана на реформите за остварување на како што рече следните заеднички остварувања. Истакна дека е оптимист дека во следните неколку недели може да се затвори и спорот со Грција.

„Имаме напредок во овој процес, возможно е во следните неколку недели да се најде решение, ние сакаме тоа да се случи пред самитот на ЕУ . Но сепак најважно е да се реши овој проблем кој е децениски и веројатно последното отворено билатерално прашање на Македонија, притоа секако водејќи грижа за достоинството и идентитетот на двете страни,“ изјави Заев.

Премиерот Заев сепак посочи дека извештајот ги нагласува и слабостите на кои треба да се работи, и како што додаде, содржи јасни насоки по кои треба да се водиме на патот кон полноправно членство.

XS
SM
MD
LG