Достапни линкови

Инспектори влегоа во сирискиот град Дума


Сириските државни медиуми јавуваат дека инспекторите на Организацијата за забрана на употребата на хемиското оружје влегле во сирискиот град Дума, каде што неодамна беше извршен напад со хемиско оружје, по што следуваше реакција од САД, Франција и Велика Британија. Државната телевизија и новинска агенција известуваат дека тим на инспектори на ОПВЦ влегле во градот денеска. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека за нападот Москва има заедничка одговорност со сирискиот претседател Башар Ал Асад, но дека ќе продолжи да комуницира со рускиот претседател Владимир Путин.

„Знаеме дека Русија како сојузник на Асад ја дели одговорноста и во тоа нема сомневање,“ изјави Меркел на конференцијата за новинари во Берлин.

XS
SM
MD
LG