Достапни линкови

Макрон предупреди на авторитаризмот во и надвор од ЕУ


Францускиот претседател Емануел Макрон пред неговиот говор во ЕП

Францускиот претседател Емануел Макрон упати предупредување против искушенијата за авторитаризам во ЕУ и низ светот. Макрон кој за прв пат се обрати во Европскиот Парламент по неговиот избор на функцијата порача дека во тек е „еден вид на граѓанска војна во Европа“. Тој смета дека има фасцинација од нелибералноста која постојано расте, мислејќи на властите во Унгарија и Полска.

„Не сакам да припаѓам на генерација на месечари. Не сакам да припаѓам на генерација која го заборавила своето минато“, рече Макрон во говор за неговата визија за иднината на ЕУ. Макрон истакна дека сака да биде дел од генерацијата која ќе го брани европскиот суверенитет.

XS
SM
MD
LG