Достапни линкови

Вучиќ - Решението за Косово нема да биде безболно за Србите


Српскиот претседател Александар Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека решението за Косово нема да биде безболно за Србите.

„Работите треба да се решаваат со дијалог и со каков и предлог да излезам ќе бидам дочекан на нож, а за секое решение мора да победите на референдум во својата земја“, рече Вучиќ.

Тој вели дека планира својата платформа да ја изнесе на крајот на април, но не е сигурен дека така и ќе биде. Вучиќ вели дека не е за тоа конфликтот да се држи замрзнат и да се чека подобро време, оти како што вели не сака конфликтите на Балканот да се оставаат на децата.

XS
SM
MD
LG