Достапни линкови

Димитров се надева на чиста препорака од ЕУ


Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, на конференцијата организирана по повод 10 годишнината од основањето на организацијата - Европски фонд за Балканот.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров се надева на иста препорака за отпочнување преговори за членство во Европската унија. Тој вечерва се обрати пред учесниците на регионалната конференција по повод 10-годишнината од формирањето на Европскиот фонд за Балканот што се одржува денеска и утре во Белград.

„Во последниот извештај на Фридм хаус за нациите во транзиција беше наведено дека Македонија е земја, кај која е забележан најголем демократски пробив во Европа. Беше кажано земјата е мала, но можностите се големи, што двојно го зголеми моето ниво на адреналин и ентузијазам, рече Димитров.

Нагласи дека интегрирањето во ЕУ треба да се гледа регионално и оти земјите треба да бидат свесни за нивната меѓусебна поврзаност. Додаде дека земјите од регионот често пати сакале да бидат жртви и да ги обвинуваат другите за нивните прашања.

„Виновни ни се соседите, Брисел, никој не не сака. Сè е во наши раце, никој не кажа дека градењето на европската демократија е лесно“, рече Димитров. .

Главна мисија на Европскиот фонд за Балканот е да ја промовира интеграцијата во ЕУ на земјите од регионот и нивната трансформација во просперитетни и стабилни европски демократии.

XS
SM
MD
LG