Достапни линкови

УНИЦЕФ - Насилството во училиштата, одраз на тоа што се случува дома и во заедницата


УНИЦЕФ со загриженост ја следи состојбата со насилството врз и меѓу децата во земјата. Неодамнешниот инцидент во кој се вклучени ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино е неспорен доказ за потребата повторно да се разгледаат начините на кои образовниот систем и целата заедница постапуваат во однос на насилното однесување, истакнува Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија.

Во писмената изјава за медиумите Перкс наведува дека насилството во училиштата е првенствено одраз на тоа што се случува дома, но и на тоа што се случува во целата заедница.

„Седум од десет деца на возраст од 2 до 14 години во земјата се дисциплинирани дома со насилни методи – физичко казнување или психолошка агресија. Децата кои имаат доживеано постојано малтретирање или други форми на насилство на училиште е многу поверојатно да бидат насилни дома, но и да страдаат од долгорочни психолошки последици. Малтретирањето честопати е повик за помош. Децата кои се служат со насилство честопати и самите се жртви на насилство“, истакнува Перкс.

За да се создадат училишта во кои нема насилство, посочува претставникот на УНИЦЕФ, неопходно е да се создаде опкружување кое не толерира насилство.

XS
SM
MD
LG