Достапни линкови

Столтенберг ги поддржа воздушните напади врз Сирија


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави денеска дека воздушните напади врз Сирија кои ги извршија САД, Велика Британија и Франција, ја намалуваат способноста на режимот на претседателот Башар ал Асад да спроведе нови хемиски напади.

Според него, со нападите се упатува јасна порака до Асад и до Иран дека употребата на хемиско оружје не е прифатлива и оти сојузниците нема да стојат на страна и немо да набљудуваат.

XS
SM
MD
LG