Достапни линкови

Грција се пазари со Германија за спорот со името, објави весникот „Та неа“


Илустрација

Ако се реши прашањето за името, тогаш антикризната мерка - кратење на пензиите, ќе се одложи за шест месеци подоцна. Ова Берлин ѝ го ветил на Атина во разговорите меѓу Германија и Грција за затворање на долгогодишниот спор за името со Македонија, но и што грчката страна би добила од тоа, објавил грчкиот весник „Та неа“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, весникот, повикувајќи се на европски извори, пишува дека веќе изгласаната мерка за кратење на пензиите што треба да стапи во сила од 1 јануари 2019, би се одложила за шест месеци подоцна, како германски „подарок“ до Грција, доколку се постигне договор за името. Тоа, според „Та неа“, би му одело во прилог на Ципрас и на неговите изборни планови.

XS
SM
MD
LG