Достапни линкови

Бојко Борисов утре во Косово


Бугарскиот премиер Бојко Борисов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја претседава со Европската унија, утре ќе го посети Косово.

Според бугарската новинска агенција БТА, целта на посетата е да се разгледаат можностите за подобрување на соработката во регионот и одржувањето на мирот и стабилноста на Балканот.

Борисов ќе се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај и со Наталија Апостолова, која ја предводи мисијата на Европската унија на Косово. Бугарскиот премиер ќе биде придружуван од вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

XS
SM
MD
LG