Достапни линкови

Ердоган разговарал со Путин и Трамп за Сирија


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека во изминатите денови телефонски разговарал со американскиот и рускиот колега Доналд Трамп и Владимир Путин за потенцијалните мировни чекори во Сирија.

Турскиот претседател соопшти дека на Трамп и Путин им рекол оти не е во ред да се засилуваат тензиите во регионот.

Ердоган, исто така, посочи дека сегашната ситуација покажува дека тензијата веќе е намалена, но најави дека ќе ги продолжи контактите со претседателите на САД и Русија.

XS
SM
MD
LG