Достапни линкови

Во судница се слушаа пет „бомби“ за „Тендери


Поранешната министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска

Со преслушување на пет телефонски разговори Судот ја продолжи работата по предметот „Тендери“. Од разговорите, четири се направени во 2011 година и во нив најчесто разговараат поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, а петтиот разговор е од 2013 меѓу Канческа Милевска и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Во првиот разговор што беше презентиран, покрај Канческа Милевска и Јанакиески, учествува и директорот на ГП „Бетон“ од Штип Илија Престилски. Во разговорот Канческа Милевска ги информира Јанакиески и Престилски дека „утре ќе биде објавен тендер“, но, како што посочува, „во него е наведено се за да го добие Бетон“.

Во вториот разговор меѓу Канческа Милевска и Јанакиески таа го информира Јанакиески дека нема денар за да им плати и дека треба со ребалансот да се обезбедат средства.

Во третиот разговор меѓу Канческа Милевска и Јанакиески, таа го информира колку ја нервирал директорот на "Бетон", Илија Бресилски.

Во четвртиот разговор повторно меѓу Канческа Милевска и Јанакиески, поранешната министерка за култура продолжува да му се жали на Јанакиески од однесувањето на директорот Бреслиски.

Петтиот разговор е меѓу Гордана Јанкулоска и Елизабета Канческа Милевска од 2013 година во кој поранешната министерка за култура ја информира Јанкулоска дека се јавил некој Николче Цветановски од СВР Битола кој и ги барал документите за изградбата на Музејот на ВМРО.Тогашната министерка за внатрешни работи ја советува доколку го добие налогот да му каже дека и треба време да ги собере документите и да не му ги дава веднаш на Николче Цветановски, а во меѓувреме, како што вели, ќе провери кој е тој и за што се работи.

По презентирањето на аудио материјалите судечкиот совет даде пауза од половна час по што треба да продолжи судењето

XS
SM
MD
LG