Достапни линкови

Поранешниот пакистански премиер доби забрана за политички активности


Поранешниот пакистански премиер Наваз Шариф

Пакистанскиот Врховен суд му забрани на поранешниот премиер Наваз Шариф да учествува во политички активности , велат судските власти. Одлуката на петмината судии беше објавена денеска во главниот град Исламабад, вели судијата Шахид Хусеин. Аналитичарите велат дека одлуката може да има влијание врз парламентарните избори закажани подоцна оваа година. Шариф (68), трикратен поранешен премиер, минатата година беше дисквалификуван и отстранет поради обвиненијата за корупција во неговото семејство. Обвиненијата произлегоа од протекување документи познати како Панама докумнти. Оттогаш, има различни мислења околу тоа дали повторно тој може да се кандидира за функцијата. Еден член на владејачката партија на Шариф, министерот за информации, Мериам Ауранџеб, луто ја отфрли пресудата како "шега".

XS
SM
MD
LG