Достапни линкови

Итен состанок на СБ на ООН на барање на Русија


Рускиот амбасадор во ООН, Василиј Небенција.

По барање на Русија Советот за безбедност на ОН закажа итен состанок на барање на Русија поради "закана за меѓународниот мир" од можните воздушни напади врз Сирија од страна на САД и нејзините сојузници. "Итен приоритет е да се спречи опасноста од војна", рече рускиот амбасадор во ООН, Василиј Небенција. "Опасноста од ескалација е поголема бидејќи нашите војници се таму ... Значи ситуацијата е многу опасна", рече Небенција.

Русија има илјадници војници и воени советници во Сирија, како и десетици авиони во воздухопловната база Хмеимим и 10 до 15 воени бродови на Медитеранот покрај брегот на Сирија. Претходно директорот на американската ЦИА, Мајк Помпео, во Конгресот изјави дека "неколку стотици Руси" биле убиени во американски артилериски и воздушни напади во февруари, коко одговор на нападот врз американската база во која биле и нивните сојузници во источна Сирија. Помпео го опиша тоа како доказ дека "Русите го добиле тоа што го заслужиле ". Западните земји на чело со САД се заканија со воена акција против сирискиот режим кој го обвинуваат за неодамнешниот напад со хемиско оружје во последното упориште на бунтовниците, сирискиот град Дума, во кој загинаа најмалку 43 цивили на 7 април.

XS
SM
MD
LG