Достапни линкови

Во судница ќе се слушаат „бомбите“ за „Тендери“


Елизабета Канчевска Милевска, поранешната министерка за култура

Судот го одби барањето на одбраната во случајот на СЈО „Тендери“ за исклучување на јавноста од презентирањето на аудио снимките.

Судечкиот совет одлучи аудиоматеријалите да бидат презентирани во присуство на јавноста, а доколку од нив произлезат приватни интереси да ја исклучи јавноста. Се презентираат пет аудио снимки од кои четири се од 2011, а една од 2013 година.

Првообвинета во „Тендери“ е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, која е присутна на денешното рочиште.

Предметот „Тендери“ се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје

XS
SM
MD
LG