Достапни линкови

Царовска: Старосната граница за пензионирање нема да се зголемува


Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска изјави дека зголемување на старосната граница нема да има, а пензиите се стабилни и безбедни

Царовска на прес-конференција во Владата на која информира за сработеното во изминатите 11 месеци, рече дека вкупно 4.535 стечајци добија позитивни решенија, а околу 90.000 граѓани повисока плата. Доплни дека обезбедени се средства за 138 нови вработувања во центрите за социјална работа и се вработени 486 лица на неопределено време во градинките, отворени се три нови регионални преноќувалишта за бездомни лица и е завршена реконструкцијата на 30-те центри за социјална работа.

Покрај капиталните и проектите за детска заштита, се подготвуваат нови закони за социјална заштита и за работни односи, се работи и на нов европски закон за недискриминација, а со Оперативниот план кој овозможува да аплицираат и социјалните претпријатија, како и граѓанските организации, се предвидени една милијарда денари за вработување.

XS
SM
MD
LG