Достапни линкови

Руската воена полиција почнала операција во Дума


Руската воена полиција започнала да оперира во сирискиот град Дума

Руската воена полиција започнала да оперира во сирискиот град Дума по повлекувањето на бунтовниците, соопшти директорот на Рускиот центар за помирување на завојуваните страни во Сирија Јури Евтушенко. Полицијата би требало да спречува провокации и да ја гарантира безбедноста за локалното население. Претходно беше соопштено дека Дума е под контрола на сириските владини сили и оти 1500 бунтовници го напуштиле градот.

XS
SM
MD
LG