Достапни линкови

Српскиот претседател Вучиќ на средба со германската канцеларка Меркел


Претседателот на Србија Александар Вучиќ и германската канцеларка Ангела Меркел, Берлин, 27.02.2018.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Берлин ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел, а една од клучните теми се очекува да биде Косово. Деновиве Вучиќ оцени дека средбата со Меркел ќе биде од исклучително значење за иднината на Србија, но оти не очекува да има промена на односот на Германија спрема независноста на Косово. Вучиќ и Меркел пред два месеца исто така во Берлин разговараа за спогодбата за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

XS
SM
MD
LG