Достапни линкови

Инспектори ќе го истражуваат смртоносниот хемиски напад во Сирија


Две екипи истражувачи од Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) денеска и утре треба да пристигнат во Сирија, за да го истражат наводниот смртоносен хемиски напад во градот Дума. Ова го соопшти сирискиот амбасадор во ОН, Башар Џафари. Според него, сириските власти „се подготвени да ги спроведат секаде каде што сакаат, кога ќе посакаат, и веднаш штом ќе посакаат“.

Џафари додаде дека од ОПЦВ во сириската Амбасада во Брисел биле испратени четири пасоши и оти визи биле веднаш издадени. Покрај тоа, Сирија е подготвена да издава визи на инспектори и на границата со Либан, информира амбасадорот. ОПЦВ потврди дека нејзини инспектори од сабота ќе почнат со работа на терен во Сирија.

XS
SM
MD
LG