Достапни линкови

Иран: Заканите на западните држави се лажни


Заканите на некои западни држави дека ќе ја нападнат Сирија се засновани на лаги, изјави денеска советникот на иранскиот претседател Али Хамнеи, Али Акбар Велајати. Велајати ова го изјави за време на состанок со сирискиот претседател Башар ел-Асад во Дамаск. Тој додаде дека се надева оти сириската армија и нејзините сојузници ќе успеат да ги избркаат американските трупи од источна Сирија и да го преземат Идлиб од бунтовниците во северозападниот дел на земјата.

„Идлиб е важен сириски град и се надеваме дека наскоро ќе биде ослободен. Областа источно од Еуфрат исто така е многу важна,“ рече Велајати и додаде дека Иран се надева дека ќе бидат преземени крупни чекори со цел ослободување на областа и протерување на Американците.

XS
SM
MD
LG