Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини владата за криење на висината на државниот долг


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја обвини Владата на Зоран Заев дека од јавноста ја крие вистината за растот на државниот долг од 200 милиони евра. Мицкоски додаде дека, под Владата предводена од СДСМ, проекциите за растот во 2018 година паднале на само 2,3 проценти, а проекцијата до 2020 година ќе биде 2 проценти, далеку под претходните најави на Светската банка од пет процентен раст.

„Наместо претпоставениот и предвиден раст на македонската економија за 2018 година од 3,2 тие го нивелираа на 2,3 проценти. Повторно 100 милиони евра граѓаните на Република Македонија во 2018 ќе бидат посиромашни споредено со тоа што биле во 2017 година,“ изјави Мицкоски.

Тој ја обвини Владата за водење на катастрофална цунами економска политика на владата која, како што рече, мора да престане.

XS
SM
MD
LG